Заев – Донфрид: Почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ е геостратешки интерес на САД

LinkSense.mk

Премиерот Зоран Заев доцна синоќа имаше телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД Карен Донфрид, која во име на Владата на САД и на американските граѓани изрази длабоко сочувство до македонските граѓани за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев и помошник државниот секретар Донфрид разговараа за евро-интегративниот процес на Северна Македонија, при што беше изразена целосна поддршка од страна на САД за отворање на преговорите со ЕУ во декември оваа година.

Соговорниците се согласија дека отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија е надворешно-политички и геостратешки интерес на САД.

Во телефонскиот разговор потврдено е стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД кои сега се и партнери во НАТО.