Заев: Живот на колена, не е живот. Следува време на промени!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот на опозицијата во Велес рече дека народот бара слобода, демократија и слобода и дека секој град се крева на нозе.

„Кога велев дека мора да си дадат оставки, Груевски се потсмеваше и тврдеше дека кажувам бајки. Ама, после тоа следува оставки. Кога за МРТВ велевме дека ќе ја води независен новинар, тој, исто така, не веруваше. СЈО работи и ја враќа правната држава. И за тоа останавме на зборот. Сега велам-ние ќе победиме, режимот ќе падне!“

Пред насобраните велешани Заев нагласи дека следува време на промени, дека луѓето во Македонија се на страната на вистината. Живот на колена, рече, не е никаков живот.

„Можевме на сила да ги истераме од Парламентот, никој не можеше да не спречи. Ама после тоа ќе немаше крај. Ќе ги истераме на поинаков начин, ќе ги победиме со пенкалото и гласот на народот“, рече Заев.

Во снимените разговори слушнал, им зборуваше на велешани, страшни работи, какви што ни Господ не слушнал. Рече оти затварале, уништувале, краделе пари, товарале бродови, дека однеле 5,5 милијарди евра.