Заев: Израел и Палестина не треба да војуваат, туку да разговараат

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев повика на прекин на воените дејствија, бомбардирањето и нападите меѓу Израел и Палестина, како и на изнаоѓање решение преку дијалог.

„Твитот што го објавив во однос на случувањата помеѓу Израел и Палестина е соодветен на нашите политики кои повикуваат на престанок на насилството од двете страни, на престанок на нападите врз цивилното население, на дијалог и на мирни решенија онака како што се нашите политики“, рече Заев на вечерашната прес-конференција.

Тој истакна дека нашата земја е пример, дека дијалогот и дипломатијата можат да даваат решенија на многу тешки прашања.

„Сме го искусиле тоа и верувам дека низ дијалог и дипломатија можат да се изнајдат решенија и за вакви прашања“, напомена Заев.

 

 

(Фото: МИА)