Заев и Руте заедно ги бодрат македонските и холандските фудбалери во Амстердам

„Премиерот Зоран Заев и холандскиот премиер Марк Руте попладнево на стадионот во Амстердам заедно го следат напреварот меѓу фудбалските репрезентации на С Македонија и Холандија во рамки на 3. коло од Групата Ц на ЕВРО 2020.

„Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација. Благодарност до холандскиот премиер Марк Руте за поканата заедно да го следиме натпреварот.

Моќна е спортската дипломатија. Премиерот Руте знае дека головите на „гостински” терен се највредни, но без разлика на резултатот од мечот, од денес #MKD
и #NED се уште поблиски.

Им посакувам успешен натпревар на македонските репрезентативци.

Напред момци! Играјте храбро, ние сме веќе горди на вас, објави премиерот Заев на својот Фејсбук профил.