Заев: Македонија ќе ја дознае вистината за смртта на Младенов, за Нешковски, за Смилковско

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва, на митингот на СДСМ и на коалицијата „За живот во Македонија“ во Охрид вети дека вистината во Македонија нема да остане скриена.

„Не можеме да бидеме земја ако не знаеме кој ги уби Никола Младенов, Мартин Нешковски и четирите деца кај Смилковско Езеро. Да биде откриена вистината за Дива населба. Секоја земја има обврска се да се открие и да има правна разврска. Никогаш веќе без правда во Мекедонија,“ рече Заев.

zaev-ohrid-ace

„Слушам, купувале пасоши. Зошто им се? Ја предупредувам граничната полиција на 11 декември да гледа кој ќе бега. Ветив и ќе остварам, сите кои се огрешиле, ќе одговараат, Не само што ќе одговараат, туку и парите ќе ги вратат“.

Заев повтори дека во Скопје на триумфалната капија ќе стои бројчаник кој ќе врти за секоје евро, секоја пара што ќе биде вратена.

„Секој кој изнел пари, ќе ги врати, Се ќе врати, до денар“, рече Заев и порача дека ќе остане на зборот, дека СДСМ ќе победи.

Претседателот на СДСМ зборуваше и за нерешените прашања за Македонија во меѓународните интеграции, а и за развој на туризмот и спортот.

„Ќе развиваме вистински туризам. За работниците во текстилната индустрија ќе им го финасираме со 30 до 50 отсто одморот ако закупат хотели во Охрид, Преспа, Дојран. Со тоа ќе го поддржиме туризмот во државава. Ќе има пензии за спортските работници, а спортот ќе се деполитизира“.