Заев од Радовиш: Административците да не се плашат

„Ја обединивме и здруживме цела Македонија за достоинствен живот во неа. За три дена сите заедно ќе го славиме новиот живот“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на митингот во Радовиш.

Ќе му докажеме на целиот свет, наведе Заев, дека овде има слободни луѓе и демократи, кои на 11-ти декември ќе го искористат најсилното оружје на 21 век, а тоа – е гласот.

Посочи дека со заокружување на бројот 4 ќе бидат вратени животот и достоинството.

Тој ги повика вработените во јавната администрација да се охрабрат, да не се плашат и да ги изберат промените.

Упати повик и до младите да си ја обезбедат својата иднина тука, а бабите и дедовците ги повика со заокружување на бројот 4 да си ги вратат во Македонија своите внуци од странските земји.

„Ајде сите заедно да ја турнеме Македонија да оди напред со повисоки плати, со правда за сите, со власт која ќе работи за своите граѓани и својата држава“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев од митингот во Радовиш.