Заев: Од следната недела почнува скрининг процесот

LinkSense.mk

„Следната недела со доаѓањето на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан  почнува скрининг процесот“, истакна премиерот Зоран Заев на вчерашната средба со граѓанските организации во Владата.

„Час поскоро треба да ја подготвиме државата и со преговарачката рамка и со преговарачките тимови за процесот за којшто е многу важно колкав период од времето ќе трошиме“, рече Заев.

Тој посочи дека за 33-те поглавја за Македонија, треба да има 33 работни групи, а во нив да бидат и претставници и од институците и од граѓанскиот сектор, за кој вели, „има капацитет да се вклучи во сите процеси важни за државата“.

За референдумот Заев изрази уверување дека тој ќе биде успешен и оти идната недела ќе се прецизираат прашањата околу тоа кога ќе биде референдумот, дали тој ќе биде обврзувачки или консултативен и како ќе биде формулирано референдумското прашање. Најави и дека од опозицијата и сите политички чинители ќе побара да ги расчисат своите позиции во делот на референдумот.