Заев: Се уште има доволно време за да пристигнат терминалите за отисок од прст

Премиерот Зоран Заев смета дека се уште има време за да пристигнат терминалите за отпечаток од прст, кои првпат ќе се користат на локалните избори, и навремено да се почне со подготовките на изборите што ќе се одржат на 17 октомври.

„Навистина не ги знам деталите и се информирам од медиумите. Мојот личен впечаток е дека ќе стигнат навреме терминалите затоа што има се уште време, дури и за првите терминали за тест периодот во кој е предвидено да има тестирање за да може комплетно да ги покриеме сите избирачки места, рече Заев во одговор на прашање по денешната промоцијата на паралелка „Фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија“ во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов”.

Очекува со подготовка на ваквите компјутерски терминали навремено да почне процесот на избори на 17 октомври, кога првпат ќе се гласа со отисок на прст.