Заев: ТИРЗ бележи рекорден квартал со највисоко ниво на економски активности

„ТИРЗ бележи рекорден квартал со највисоко ниво на економски активности:

Извозот во вториот квартал од 2021 е 763 милиони евра, што е за 140
отсто повеќе во споредба со истиот период во 2020 година, а за 7,12 отсто е зголемен бројот на нови работни места во компаниите-инвеститори во ТИРЗ, во однос на 2020 година, објави на својот профил на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

„Очекуваме ваквиот тренд да продолжи и во наредните месеци со оглед на интензивните преговори за нови инвестиции од постојни и нови странски и домашни компании. Креираме нов развоен концепт на македонската економија што се базира на квалитетни инвестиции кои носат добивка за компаниите, за државата и за граѓаните, наведува Заев..

Повеќе за економските активности во ТИРЗ: https://fez.gov.mk/rekordenvtor-kvartal-vo-tirz-otvore/…