Заев: „Федерализацијата е само во главата на Груевски!“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од митингот на коалицијата предводена од СДСМ во општина Аеродром, вечерва одговори на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за федерализација на земјата.

„Груевски ја измисли федерализацијата. Груевски е единствен во државата кој мисли за федерализација, тој и никој друг. Тој нема План, нема што да им понуди на граѓаните што ги ограби. Каква федерализација, какви бакрачи. Нема да дозволам никој да го смени уставот на РМ. Уставот наш гарантира мултиетичност, тој е либерален и европски устав. Федерализацијата е само во главата на Груевски. Ветувам дека Македонија ќе биде едно општество за сите, дом за сите, правично општество за сите. И, ќе има правда за сите – рече Заев.