Запечени тестенини со шунка и кашкавал

Интересна идеја за брз, но вкусен ручек посебно за љубителите на тестенини …

Потребно е:
200 гр
 макарони
30 гр брашно
1 главица кромид, ситно секан
1/2 лажиче сенф
сол, бибер
600 мл млеко
400 гр варена брокула, ситно сецкана
250 гр шунка
100 гр рендан кашкавал (гауда, ајдамер или сл.)
2 лажици путер
50 гр лебни трошки

Потребно е:
– Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Исцедете ја и префрлете ја во намастена огноотпорна тава.

– Во еден сад измешајте ги брашното, кромидот, сенфот и сол и бибер. Садот ставете го на рингла и полека додавајте млеко со постојано мешање. Варете го на средна температура 10-15 минути, односно додека не се згусне. Вака подготвениот сос прелијте го преку тестенините.

– Во тестенините додадете ги и сецканата брокула, сецканата шунка и изренданиот кашкавал.

– Во помало тенџерче на рингла растопете го путерот и тргнете го на страна. Додадете ги лебните трошки, убаво измешајте и прелијте преку тестенините.

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 40 минути.