Започна „Културно лето – Карпош“

Со настап на детскиот хор „Поточиња“, вчеравечер на плоштадот „Делфина“ во Влае 2, започна „Културно лето – Карпош“.

„По долго време детскиот џагор и смеа повторно го исполни Карпош и беше видлива радоста кај најмладите, но и кај нивните родители, баби и дедовци“, велат од Општина Карпош.

Во рамки на програмата настап имаше и музичкото дуо Александар Митевски и Драган Спасов – Дац.

Вечерва на репертоарот на „Културно лето“, на платото на „Млечен“, предвидена е детска програма, а ќе настапат Каролина Гочева и Ди-џеј Баже.