За место во ракетата на Безос се нудат 2,5 милиони долари

„Блу Ориџин“, приватната ракетна компанија на милијардерот Џеф Безос, соопшти дека моментно највисоката понуда за место во вселенското летало „Њу Шепард“ е 2,4 милиони долари во вториот круг од надавањето.

Компанијата информира дека примила повеќе од 5.200 понуди од 136 земји.

Вториот круг почна со почетна цена од 1,4 милиони долари за едно место во леталото.

Процесот на наддавање ќе трае до 10 јуни и ќе заврши два дена потоа, со финалната фаза, со он-лајн продажба во живо.

Летот е закажан за 20 јули.

Тоа е пресвртница во натпреварувањето кое ќе покрене нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Ракетата и капсулата „Њу Шепард“ се дизајнирани за автономсно превезување на шест патници на висина повеќе од 100 килоемтри над Земјината површина.

Во 2018 година Ројтерс информираше дека „Блу Ориџин“ планира возењето низ вселената да чини барем 200.000 долари, што беше темелено на проценката на плановите на конкурентот, милијардерот Ричард Брансон и неговата фирма „Вирџин Галактик Холдинг“, но се чини дека во меѓувреме сето тоа се промени.