За неносење маска нови 412 прекршоци

Полицијата регистрира 412 прекршоци за неносење маска во изминатото деноноќие на територијата на целата држава.

Министерството за внатрешни работи повторно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.