За неносење маски казнети 319 лица

Регистрирани се 319 прекршоци за неносење лична заштита на лице во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.