За одбраната на обвинетите во „Рекет“ снимките од „Ла Верита“ не се автентични

-Одбраната на обвинетите во случајот ,,Рекет”, снимките од ,,Ла Верита”, кој денеска се презентираат во Кривичен суд, ги оценуваа како неавтентични. Според адвокатот на еден од обвинетите Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, лицето Јордан Камчев, кој ги доставил овие материјали до обвинителството, е осомничен во друг предмет и негова цел е неговиот клиент се прогласи за виновен.

Денешното рочиште за „Рекет“ не почна навреме поради задоцнетото спроведување во судот на Катица Јанева од домашен притвор, а во моментов има пауза, по што рочиштето ќе продолжи. Во судот денеска се пуштаат снимки што како докази ги доставил сведокот Јордан Камчев.

Обвинителката Вилма Рускоска претходно кажа дека овие разговори не се обезбедени со посебни истражни мерки.

-Самостојна интерпретација е дека стануваа збор за разговори меѓу Јордан Камчев и Бојан Јовановски, тоа не може да се утврди, реагираше адвокатот Дуковски. Своја забелешка имаше и обвинетиот Боки 13, кој истакна дека стануваа збор за груба аматерска монтажа.

-Не може да се користи нелегална снимка како доказ. Не може да се цени како доказ врз која ќе се заснова пресудата, додаде Дуковски.

Боки 13 му нудел на Јордан Камчев да соработува за предметот ,,Империја”. На дел дел од денешните снимки јавноста имаше можност да слуша како обвинетиот Јовановски, му вели на сведокот Камчев, да прифати дел од вината и да плати отштета. На овој начин според Боки 13 ќе се затворел предметот ,,Империја”, против осомничениот Јордан Камчев.

„Сакам да ми кажеш што добивам, како добивам и кога добивам. Сакам сите да бидат задоволни. Јас сум директен човек. Кажи оваа ќе биде во февруари, оваа во март и да го исполнам својот дел“. Оваа е дел од разговорот меѓу Јордан Камчев, сведок во ,,Рекет” и обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, презентираан денеска во Кривичен суд. Истите снимки беа објавени од италијанкиот весник „Ла Верита”.

Случајот „Рекет”, во води Кривични совет предводен од судијката Васка Николовска-Масевска, а обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

 

ИЗВОР: МИА