Зеленски е подготвен да разговара за статусот на Крим и Донбас

LinkSense.mk

Украина речиси две недели се брани од нападите на Русија, а претседателот Володимир Зеленски конечно кажа дека е подготвен да го решат статусот на Крим и Република Донбас.

Зеленски призна дека се подготвени да разговараат и да пронајдат компромис за да може да им се овозможи мирен живот на жителите на тие области.

„Може да разговараме и да пронајдеме компромис за тоа како би живееле луѓето во тие области“, кажа Зеленски.

Претходно и од руска страна покажаа надеж дека би можеле да седнат на маса со Украинците и конечно да го решат прашањето кое ги мачи двете страни долги години.