Зеленски полесно повреден во сообраќајка

LinkSense.mk

„Автомобилот во кој се превезувал украинскиот претседател Володимир Зеленски се судрил со друго возило по посетата на боиштето, но тој не е сериозно повреден“, изјави неговиот портпарол.

„Зеленски се враќаше во Киев од реонот на Харков, каде ги посети војниците во повторно заземениот град Изјум.

Патничко возило се судрило со претседателската колона во главниот град на Украина“, истакна неговиот портпарол Серхиј Никифоров.

„На возачот на второто возило му била укажана прва помош од лекарскиот тим на Зеленски, по што е однесен со возило на брза помош“, рече тој.

„Лекарите го прегледаа претседателот кој не се здобил со сериозни повреди“, посочи Никифоров, но не прецизираше какви повреди има Зеленски.

Портпаролот додаде дека се истражуваат околностите на несреќата.