Зеленски: Се браниме сами додека најмоќната држава во светот гледа од далечина

LinkSense.mk

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, објави нова видео порака во која повикува на отпор кон руската инвазија и ги критикува украинските сојузници по втор пат за само неколку часа.

Утрово сами си ја браниме државата. Како и вчера, најмоќната земја во светот гледаше од далечина – вели тој во видеото на Фејсбук, алудирајќи на САД.

„Русија вчера беше погодена од санкции, но тие не се доволни за да се отстранат овие странски војници од нашата почва. Тоа може да се постигне само преку солидарност и решителност – истакна претседателот на Украина.

Зеленски додаде дека украинскиот народ продолжува да пружа отпор, „демонстрирајќи вистински херојство“.

Непријателот беше запрен во повеќето правци. Борбите се во тек. Нема да се умориме – рече тој.