Зеленски се обрати пред пратениците на Јужна Кореја и побара воена помош

LinkSense.mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во Мариупол се убиени десетици илјади луѓе и побара од Сеул каква било воена помош.

„Мариупол е уништен, имаме десетици илјади мртви, но и покрај тоа, Русите не ја прекинуваат нивната офанзива“, рече Зеленски во обраќањето пред пратениците во јужнокорејскиот парламент.
Според него, Русија трупа десетици илјади војници за следната офанзива.
Тој исто така предупреди дека Русија и се заканува на Европа, не само на Украина и дека нема да запре доколку не биде спречена.
Мариупол се наоѓа помеѓу источните територии на Украина, кои се под контрола на сепаратистите, и Крим.
„На Украина и требаат различни воени технологии, од авиони до тенкови. Јужна Кореја може да ни помогне“, рече Зеленски.
Тој додаде дека Русија уништила значителен дел од инфраструктурата на Украина, вклучувајќи најмалку 300 болници.
Јужнокорејскиот министер за одбрана Сух Вук и неговиот украински колега Олексеј Резников разговараа телефонски во петокот. Резников му се заблагодари на Сух за
хуманитарната помош и побара противвоздушно оружје.
МИА