Златната топка оди во рацете на Роналдо

Повеќе нема дилеми – „Златната топка“ за 2016 година оди во рацете на Кристијано Роналдо.

Иако свечената церемонија закажана за понеделник навечер во париз, угледниот весник „Франс фудбал“, кој и го доделува престижното признание, на својата насловна страница објави дека наградата, по четврти пат, му припадна на португалскиот ас.

Сепак, Роналдо нема да биде во можност да го прими трофејот, затоа што Реал Мадрид се наоѓа во Јапонија на Светското клупско првенство.

На португалскиот фудбалер годината што изминува, ако се мери според успесите, секако му е најдобра во досегашната кариера.

Со националната селекција го освои шампионатот на Европа во Франција, додека со „кралскиот клуб“ е добитник на уште еден исклучително важен трофеј, Лигата на шампионите.