На свечена церемонија во Бугарската академија на науките во Софија денеска на македонскиот претседател Ѓорге Иванов му е доделена титулата „Почесен доктор на науки“.
Иванов во рамки на дводневната работна посета на Бугарија, во Бугарската академија на науките одржа предавање на тема „Миграциите и мигрантите: предизвици за третиот миленум“.
Предвидено е утре македонскиот претседател да се сретне со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев, како и со новоизбраниот претседател на Бугарија Румен Радев, со кои ќе разговара за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за унапредување на билатералната и регионалната соработка.