Игуаин: Сакам повторно да го освојам Суперкупот на Италија

Аргентинскиот фудбалер Гонсало Игуаин денес рече дека му останало во убаво сеќавање освојувањето на Суперкупот на Италија, кога во 2014 година со Наполи го победи сегашниот клуб Јувентус.

Истиот трофеј Аргентинецот сака да го освои и со новиот клуб.

„Сега го носам дресот на Јувентус и сакам повторно да го освојам тој трофеј. Ќе биде тешко, но се надевам дека се добро ќе се заврши“, вели Игуаин.

Јувентус во петок во Катар играпротив Милан во Суперкупот на Италија.

„Милан е сериозен противник и ќе биде тежок натпревар, се надевам убав. Ќе биде потребно да бидеме совршени ако сакаме да победиме“, напоменува аргентинскиот фудбалер.

Натпреварот меѓу Јувентус и Милан се игра во Доха, во петок од 16.30 часот по средноевропско време.