Изложба, детска претстава, музички настапи дел од предновогодишната програма во Ресен

LinkSense.mk

– Со постхумна изложба на Орце Божиновски „Светот низ очите на Орце“ и промоција на книгата „Уништување“ на Божидар Божиновски (Моџо Килингтон), домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен в понеделник почнува со предновогодишната програма.

За следниот ден, во ресенскиот Сарај, предвиден е концерт на класична музика на пијано и гитара со Гоце Милошевски, Јован Симоновски и децата од школата за пијано. Неизоставен дел од програмата е новогодишниот стендап на Марјан Ѓорѓиевски, во среда, а за четврток најавен е концерт на групата „ Персиди“.

Во новогодишната програма за најмладите, како што соопшти Домот на културата, на 31 декември, на Градскиот плоштад ќе биде изведена детската театарска претстава на знаковен јазик –„ТРИ“ од театарот ,,Ато”, во режија на Јован Ристовски, настап ќе има и детскиот хор „Весели Бисерчиња“ од Охрид, а ќе се одржи и новофодишен базар со детски изработки. Предвидено е доделување на наградите од литературните конкурси „Свети Климент“ и „Новогодишна желба“. Присутните ќе ги забавуваат кловнови, магионичар, маскоти и Дедо Мраз.