Изложба „Скопска стрип-акција 2019“

Во Галеријата „КО-РА“ во Скопје вечерва ќе се одржи стрип-изложба „Скопска стрип-акција 2019“ на која ќе бидат изложени подобрите стрип-дела од македонските автори од меѓународниот конкурс на стрип „Велес 2019“, а ќе им се врачат и наградите на македонските автори.

Изложбата е организирана од страна на СЦМ – Велес и е дел од годишната програма за култура на Град Скопје.

Како што информира Томе Трајков од СЦМ – Велес, во согласност со одобрените финансии од Министерството за култура, ќе се одржи само еден вечерен настан на кој ќе се изложат наградените стрип-дела од меѓународниот конкурс „Велес 2019“, меѓу кои и делата на Александар Цветковски, Јана Илиевска, отец Иринеј…

Воедно ќе се изложат делата од стрип-авторите, учесници на меѓународната стрип-колонија „Велес 2019“.