Илон Маск ги амнестира блокираните профили на Твитер

LinkSense.mk

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, денеска објави дека одобрува „амнестија“ за суспендираните профили.

Најавата дојде откако на Твитер објави анкета за повторно активирање на профили кои „не го прекршиле законот или не ширеле одвратен спам“. За гласале 72 отсто.

Народот го кажа своето. Амнестијата почнува следната недела. Vox Populi, Vox Dei“, напиша Маск на Твитер, користејќи латинска фраза што значи „Глас на народот, глас на Бога“.

Маск ја употреби истата латинска фраза откако минатиот викенд објави слична анкета пред повторно да го активира профилот на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, а кој беше забранет поради поттикнување немири во Капитол на 6 јануари 2021 година. Трамп рече дека не се враќа повеќе на Твитер, но не го избриша својот профил.

Еден ден откако ја презеде контролата, Маск „твитна“ дека ниту еден суспендиран профил нема да биде вратен се додека Твитер не формира „совет за модерација на содржинитекој ќе ги разгледува случаите.

Во вторникот рече дека го отфрла тоа ветување бидејќи на него се согласил заради инсистирањето на „големата коалиција на политичко-општествени активистички групи“ кои подоцна „го раскинале договорот“ кога ги повикале огласувачите барем привремено да престанат да се рекламираат на Твитер“.