Индискиот вид на корона стигна на Кипар

Првите случаи на индиски вид на вирусот ковид-19 откриени се и на Кипар, соопшти денеска Министерството за здравство на таа земја и додаде дека заразените брзо се ставени во изолација и карантин по доаѓањето на островот.

Властите соопштија дека варијацијата на вирусот е пронајдена кај четири луѓе кои се позитивни на ковид-19, додека јужноафриканската варијанта е пронајдена кај две лица.

Од Министерството изјавија дека заразените се сместени во задолжителен карантин и изолација и дека немале контакти со други луѓе.

Од почетокот на пандемијата Кипар забележа 384 смртни случаи од корона вирус и 71.398 инфицирани.

Пораст на новозаболени беше забележан во март и во април што имаше за цел покренување на трет локдаун.

(Фото: ЕПА)