Индиските здравствени власти отворија истрага за непознатата болест од која за време на викендот заболеа 140 лица

Официјални лица во Индија ја испитуваат причината за неидентификувана болест поради која повеќе од 140 лица беа хоспитализирани за време на викендот.

Пациентите, од Елуру во Андра Прадеш, имале широк спектар на симптоми од гадење до напади и несвестица, велат лекарите, пренесува Би-Би-Си, наведувајќи дека многу од хоспитализираните се опоравиле и биле брзо ослободени.

Локалните медиуми велат дека пациентите направиле тестови за коронавирус, кои сите биле негативни.

Медицински службеник во Државната болница Елуру за Индијан Експрес изјави:

„Луѓето кои се разболеа, особено децата, одеднаш почнаа да повраќаат откако се пожалија фека очите им „горат“. Некои од нив се онесвестија или претрпеа напади.