Индонезиец заразен со коронавирус со облеката на сопругата влегол во авион

Маж од Индонезија, позитивен на коронавирус, се маскирал со облеката на неговата сопруга и влегол во авион, а бил откриен дури откако авионот полетал.

Според Би-би-си, тој носел никаб, облека што ја користат жените во муслиманските земји за да ги покријат лицата. Со себе ги имал пасошот на неговата сопруга и нејзиниот негативен тест за коронавирус.

Можеби и немало да биде откриен доколку не се пресоблекол за време на летот, што им било чудно за стјуардесите, кои забележале дека нешто не е во ред.

Повеќето авиокомпании ги ограничија патувањата за време на празникот Курбан бајрам, што почна на 19 јули.

Полицијата соопшти дека мажот бил приведен откако авионот слетал и веднаш бил тестирал.

Откривајќи дека е позитивен на коронавирусот, мажот фобил наредба да се изолира во домот. Полицијата соопшти дека ќе покрене постапка против него веднаш штом ќе заврши неговиот карантин.

Инцидентот се случи во време и услови на сериозни ограничувања на патувањата во Индонезија, земјата која многу брзо станаа епицентар на коронавирусот во Азија.

Земјата од Југоисточна Азија секој ден бележи по речиси 50.000 нови случаи на заразени.

Во последните неколку недели, болниците се преплавени со пациенти и недостиг на ресурси, вклучувајќи и кислород.

Досега во оваа земја има регистрирано речиси три милиони заразени, како и повеќе од 72.000 умрени.