Интензитетот на сообраќај зголемен, на граничните премини се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен.

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга,
Виница – Берово и Кочани – Делчево.