Интервјуто со Брижит Макрон рекордно го зголеми тиражот на „Ел“

LinkSense.mk

Последниот број на списанието за жени „Ел“, од кое дел и беше посветен на Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател, продаден е во рекорден тираж во последните десет години, поточно во повеќе од 530.000 примероци.

Во бројот кој во продажба се појави на 8 август, Брижит Макрон со новинарката од списанието јавно разговараше првпат откако нејзиниот сопруг на 7 мај беше избран на функцијата.

Меѓу другото, на десетината страници од интервјуто првата дама на Франција откри и дел од приказната за своите први чекори во Елисејската палата.

Бројката од 530.000 продадени примероци веројатно ќе биде и поголема, но веќе сега претставува рекорд за период од последните десет години.

На социјалните мрежи интервјуто со Брижит Макрон забележало 30 милиони прегледи, објавија од издавачката куќа на „Ел“, со забелешка дека голем интерес имало и надвор од Франција, посебно во Соединетите Американски Држави, но и во Германија.