Инцидент меѓу сојузниците

Во јуни минатата година Велика Британија лансираше балистичка ракета која го сменила курсот и одлетела кон американското крајбрежје, пишува „Сандеј тајмс“.

Министерството за одбрана на кралството тогаш тврдеше дека лансирањето на балистичката ракета на цврсто гориво „Тридент“ во јуни 2016 година било успешно и го сокри инцидентот, пишува „Сандеј тајмс, повикувајќи се на извори во Воено-поморската служба на Велика Британија.

Ракетата „Тридент II D5“ која може да убие милиони луѓе, лансирана од британската подморница „Венџинс“ во близина на Флорида, го сменила курсот и одлетела кон американскиот брег.

За време на тестирањето ракетата не носела боева глава, стои меѓу другото во текстот.

Што е причината за инцидентот никој не споменува. Наводно, проблемот настанал веднаш по полетувањето на ракетата.