Ирак: Во пожар во ковид болница загинаа 50 лица

Најмалку 50 лица настрадаа во пожар на Одделот за корона вирус во јужен Ирак, објави ирачката државна телевизија.

„Здравствените екипи ги изнесуваа јагленисаните тела од запалената болница додека многу пациенти се полесно затруени од чадот којшто се издигнува над зградата“, извести новинарот на Ројтерс од местото на настанот.

ИНА ги пренесе изјавите на официјалните лица од Министерството за здравство дека акцијата за потрага по преживеани во болницата „Ал -Хусаин“ продолжува откако огнот бил ставен под контрола.

Лекарски извори наведуваат дека бројот на настрадани може да се искачи со оглед на тоа дека многу пациенти се водат како исчезнати.

Новото одделение со 70 кревети беше отворено пред само три месеци, изјавиле вработени во болницата, кои останале анонимни во согласност со прописите.

Причините за пожарот засега се непознати.

Ова е втор пат оваа година голем пожар да усмрти пациенти од корона вирус во ирачка болница.

Во април во болница во Багдад загинаа 82 лица кога експлодира цистерна со кислород, што предизвика пожар.