Иран: Ќе ги научиме Израелците на памет

Командантот на иранската војска, Мохамад Багери, директно не го обвини Израел за саботниот напад на иранскиот танкер близу Сирија, но на еврејската држава и се закани со одговор.

Пожар изби на ирански танкер крај сириското крајбрежје во саботата, а Сириската арапска новинска агенција го опиша инцидентот како „напад со дрон од правец на либиските води“. Во некои извештаи се наведува дека три лица загинале, други пак велат дека немало смртни случаи и дека пожарот за кусо време бил угасен.

Експлозиите на ирански и израелски бродови во регионот се зачестени во последните неколку месеци, а ниедна страна не ја прифатила одговорноста за нападите.

Не зборуваме ништо за инцидентите кои неодамна се случија, ниту знаеме кој го сторил тоа, но Фронтот на отпорот ќе го научи Израел на многу добра поука“, рече Багери.

Тој додал дека Израел греши што верува дека „може и понатаму да ја напаѓа Сирија и да повлекува несериозни потези, а за тоа да не добие никаков одговор.“

Багери нагласил дека одговорот на Техеран ќе ги „доведе до разум“, не прецизирајќи што конкретно би требало Израел да очекува.

Тензиите се во пораст меѓу Израел и Иран, кога се во тек преговорите околу враќањето на САД на иранската нуклеарна спогодба, која Вашингтон едноставно ја напушти во 2018 година по налог на тогашниот претседател Доналд Трамп.

Израел енергично се спротиставува на спогодбата, инсистирајќи дека му се отвара пат на Техеран за создавање на нуклеарно оружје.

Иран го обвини Израел дека стои зад обидот за саботажа на клучната нуклеарна централа „Натанц“, во средината на април, а експлозијата, како што се наведува, ја оневозможи електромагнетската мрежа и резервниот систем, истовремено уништувајќи некои од центрифугите кои се користат за збогатување на ураниум. Техеран соопшти дека инцидентот имал за цел да им посмета на преговорите за нуклеарната спогодба.