Исламска држава ја превзеде одговорноста за нападот, терористот на слобода

Одговорноста за терористичкиот напад во Берлин во кој возач со камион влета меѓу посетители на Божикен панаѓур и уби 12 лица, ја превзеде Исламска држава, соопшти Амак, гласило на џихадистите.

„Војник на Исламска држава ја изведе операцијата во Берлин како одговор на повик да се напаѓаат државјани на земји кои учествуваат во меѓународната коелиција за борба против Исламска држава“ е наведено во Амак.

Меѓународната коалиција под водството на САД, во која е и Германија, ги бомбардира позициите на џихадистите кои
држат под контрола голем дел од териториите на Ирак и Сирија.

istraga-1

Локалните медиуми јавуваат дека возачот на камионот е 23-годишен Пакистанец, Навед Б., кој во февруари стигнал во Германија и побарал азил.

Германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на извори од безбедносните служби, објави информација дека осомничениот во германија стасал преки „Балканската рута“ и бил регостриран во Пасау.

istraga-2

„Ди Велт“, меѓутоа, пишува дека во деновите пред нападот постоеле индиции за можен напад на еден од Божните саеми во Берлин.

Истиот весник пишува дека берлинската полиција мисли дека уапсила погрешен човек, односно дека вистинскиот напаѓач сеуште е на слобода.

Полицијата го ослободи уапсениот

Германскиот државен обвинител вечерва го ослоби Пакистанецот којшто вчера беше уапсен под сомнение дека го возел камионот со кој се усмртени 12 лица, затоа што нема доволно докази кои би го поврзале со тоа злосторство.

Истражителите и форензичарите не успеале да пронајдат каков било доказ дека тој бил во кабината за време на нападот.

istraga5

Уапсениот демантирал дека на кој било начин е поврзан со нападот.

Полицијата го привела затоа што одговарал на описот на возачот на камионот што го дале сведоци на настанот.

Претрес во камп за мигранти

Германската полиција во понеделникот доцна вечерта го пребарала Центарот за азил во Берлин, во рамки на истрагата за нападот.

ДПА пренесува дека околу 250 полицајци учествувале во операцијата на затворениот берлински аеродром „Темпелхоф“.

Портпаролот на канцеларијата за бегалци во Берлин, Саша Лангебах вели дека полицијата испитувале четири машки лица на дваесетгодишна возраст, но дека никој не е уапсен.

istraga-6

Повредите на полскиот возач сведочат дека се бранел од терористот

Сопственикот на полската транспортна компанија со чиј камион е извршен нападот, Аријел Журавски, кого полицијата го повикала да го потврди идентитетот на убиениот, на полските новинари им изјавил дека повредите што му биле нанесени на возачот укажувале на тоа дека тој се борел со напаѓачот.

Германската полиција ги демантираше првичните информации дека терористот го убил возачот на камионот со нож и потврди дека во него било стрелано од огнено оружје.

Убиениот возач е 37-годишниот Лукаш, живее во Грифин, оженет е и има 17-годишен син.

Меркел: Ќе биде тешко ако се утврди дека напаѓачот е мигрант

German Chancellor Angela Merkel gestures

„Врз основа на сегашните сознанија тргнуваме од тоа дека се работи за терористички напад“, изјави денес германската канцеларка Ангела Меркел, по повод нападот.

Во своето прво обраќање до јавноста после трагичниот настан во Берлин, Меркел рече дека дека „ќе биде навистина тешко да се поднесе ако се утврди дека навистина се работи за лице кое во Германија побарало заштита“.

Канцеларката додаде и тоа дека извршителот „ќе биде најостро казнет“ според законите во Германија.

Таа рече дека „Германија е обединета во жалост поради тоа што се случи во Берлин“ и заклучи дека „злото не смее да ја парализира државата“.

Германската полиција засега не се изјаснува за идентитетот на лицето за кое се сомнева дека е напаѓач, но од кругови блиски на истражителите протекле информации дека станува збор за маж роден на 1 јануари 1993 година во Пакистан кој користел повеќе идентитети.

Во Германија влегол на 31 декември 2015 година, или во февруари 2016 година, преку Балканската рута и живеел во камп за бегалци во Берлин.