Истражување: Пациентите на хемотерапија имаат подобар имунитет после третата вакцина

Новото истражување помага да се квантифицира подобрувањето на заштитата од корона вирус постигнато со трета доза на вакцина Фајзер / Бионтек кај пациенти заболени од рак кои се на хемотерапија.

„Хемотерапијата може да ја ослаби способноста на заболените од рак во борбата против инфекциите и развојот на примерниот одговор на вакцината“, рече Деепт Батачари од Медицинскиот факултет при Универзитетот Аризона, коавтор на истражувањето објавено во часописот Природна Медицина (Nature Medicine).

Неговиот тим проучувал 53 пациенти кои примале хемотерапија и примиле две дози вакцини. Речиси сите испитаници развиле имун одговор после вакцинирањето. Но, размерите на тие одговори биле полоши отколку кај луѓето без рак за речиси се што се мерело, заклучиле Батачари и соработниците. Количината на антитела се подобрила кај поголемиот број пациенти.

Судејќи според се, затоа пациентите со рак се поподложни на инфекции и ковид-19, отколку здравите вакцинирани луѓе“, вели Батачари.

Научниците успеаја 20 учесници во истражувањето да ги вакцинираат со трета доза вакцина, за да видат дали ќе се подобри имуниот одговор. Нивото на антитела се подобри кај околу 80 проценти од пациентите со рак, рече Батачари па заклучи:

Нашите податоци за заболените од рак ги поддржуваат насоките на Американските центри за контрола и превенција на болести за тоа дека луѓето со ослабен имунолошки систем треба да примат трета доза вакцина Фајзер“.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)