Истурен отров во млеко на Универзитет во Германија: Седуммина затруени, еден е во критична состојба

Полицијата во Германија верува дека некој намерно труел млеко и вода во кујна во Техничкиот универзитет во Дармштат.

едум лица имаат симптоми на труење, а еден е во критична состојба.

Како што е наведено, има се повеќе индикации дека станува збор за напад. „Шокирани сме од очигледниот криминал што се случи на нашиот универзитет“, рече претседателката на универзитетот Тања Брил.

Според полицијата, во понеделникот, седум студенти и вработени биле префрлени во болниците бидејќи се чувствувале лошо и имале промена на бојата во рацете и нозете. Сите претходно јаделе или пиеле нешто во иста кујна, достапна за секого, каде што храната се чува во заеднички фрижидери.

Полицијата верува дека неколку пакети млеко и вода биле затруени со моментално непозната супстанција во периодот меѓу петокот и понеделникот. Само лабораториски анализи, за кои ќе треба време, ќе покажат за каква супстанција станува збор, велат надлежните.