Италијанците повеќе не мора да носат епидемиолошки маски во јавниот превоз, соопшти Министерството за здравство како дел од новото олеснување на мерките против коронавирусот.
Министерството објави дека нема да го продолжи прописот со кој се бара носење маски во возовите, автобусите и траектите, кој истекува денеска, пренесува „Ројтерс“.
Обврската за носење заштитни маски е продолжена за болниците и домовите за стари лица.
Италија е една од земјите најтешко погодени од пандемијата и досега има пријавено повеќе од 177.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19.