Италија од 1 мај без маски и ковид-сертификати

LinkSense.mk

Збогум на маските за лице, збогум на обврската за покажување зелен ковид сертификат за влез во ресторани, барови, надвор и внатре, во канцеларии, спортски сали, се наведува во последниот текст на владината уредба за анти-ковид мерки, што беше донесена вчера.

Останува препораката маските, според одлуката, да се ставаат на места каде има многу луѓе, како што се маркети, супермаркети, трговски центри, на отворени стадиони.

Со оглед на тоа што бројот на заразени и починати од новиот вид на ковид е во пораст (само како резултат на празнувањето на Велигден е зголемен за 20 проценти), останува на сила носењето маски во училиштата, а ќе ги носат и наставниците и учениците до крајот на оваа учебна година. Само децата до 6 години не се обврзани да носат маска.

До 15 јуни останува да важи обврската за носење маски во јавниот превоз, кината, театрите, музеите, дискотеките (освен кога се игра), во спортските сали, на концерти во затворени сали. На сила сеуште е и носењето маски во санитарните јазли, а посетителите на пациентите во болниците и на лицата во старските домови, на лице треба да имаат маска и да покажат зелен санитарен картон.

Што се однесува до вработените останува на сила правилото за растојание меѓу персоналот од 1,5 метри, а одлука за јавна администрација ќе биде донесена на почетокот на мај. Засега се препорачува да се задржи маската во канцелариите, затоа што работното време трае долго и без проветрување може да дојде до пренесување на вирусот, ако лицето е позитивно и не покажува никакви симптоми.

Она што е важно за туристите е дека до 31 мај е задолжително да се покаже зелен ковид сертификатј, но од 1 мај повеќе не е обврска да се прикажува дигиталната форма за следење на патниците.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)