И ДЕНЕС ДОЈАВИ ЗА БОМБИ: Закани за 14 скопски школи

LinkSense.mk

Дојавите за поставени бомби во училишта продолжија и денеска.

Утрово, во 9.30 часот во Министерството за внатрешни работи е пријавено дека закани пристигнале на електронските адреси на 14 школи во Скопје.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

Вчера рекорден број училишта беа опфатени со дојавите за бомби. Ги имаше во 86 школи, една градинка и во Заводот за рехабилитација во Скопје, како и во едно училиште во Прилеп. По проверките, за сите беше утврдено дека се лажни.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: „Независен“ / Б. Грданоски)