Каде исчезнува рускиот гас?

LinkSense.mk

Рускиот гигант „Гаспром“ се закани дека ќе го намали обемот на транзит на гас низ Украина, бидејќи е забележано дека „исчезнува“, оној наменет за Молдавија. Една количина влегува во Украина, преку станицата „Суџа“, многу помала стасува во Молдавија.

„Молдавскиот гас“ плати дел од гасот што го добиле во ноември. Во моментов во Европа илјада кубни метри гас се продаваат за 1.280 долари.

Во Украина категорично тврдат дека не крадат од гасот наменет за Молдавија и дека и биле испорачани сите количества што влегле преку гасната станица „Суџа“.

Потпретседателот на владата на Молдавија, Андреј Спину, изјави дека во Кишињев решиле своите резерви да ги чуваат во украински складишта за гас. Тврди дека во магацините имаат повеќе од 200 милиони кубни метри гас.

 

Спречена диверзија на „Јужен поток“

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека спречила диверзија на гасоводот во Волгоградската област. Тој гас тече кон брегот на Црното Море од каде се транспортира за Турција, а потоа за Европа.

Уапсени биле руски граѓани кои биле врбувани од украинската тајна служба за да вршат саботажи. При претрес кај уапсените се пронајдени се четири магнетни мини, четири килограми експлозив…