Казни за 485 лица за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 485 прекршоци за неносење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.