Кромидот ситно исечкан се пропржува на маснотија, потоа му се додава меленото месо, се зачинува со сол, црн пипер и магданос.
Компирите се лупат и се сечат на тркалца, се зема посебен сад и се реди ред компири, ред месо, се додека се потроши целата смеса. Потоа се става во рерна да се подпече.
Кога компирите се печени се прелива со ројал смеса ( јајца и млеко) компирите во мусака, по желба, можат и да се похуваат и во брашно и јајца во длабока маснотија за да се добие поквалитетна мусака.