Кампањата влегува во завршна фаза

Политичките партии денеска, на единаесетиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Демир Хисар и во Битола.

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Пробиштип и Штип.

Демократската партија на Албанците ќе ја претстави изборната програма во Матејче.

Коалицијата за промени и правда има митинг во Кочани, а, пак, Алијансата за Албанците ќе одржи митинг во Брвеница и Желино.