Камчев го тужи „Фокус“ за клевета и нарушена чест

LinkSense.mk

Контроверзниот бизнисмен Јордан Камчев, којшто моментно е во притвор во затворот „Скопје“ заради вмешаност во повеќе кривични дела, го тужи неделникот „Фокус“ за клевета и нарушена чест. Тој, денеска, не се појави на закажаното рочиште во Основниот суд Скопје 2 заради што судењето беше одложено.

Неговиот адвокат Тони Менкиноски истакна дека Камчев инсистирал да присуствува на рочиштето, но од друга страна пак на прашање на судијката Јасмина Блажевска, одговори дека не побарале дозвола од Кривичниот суд, што е неопходно бидејќи се наоѓа во притвор.

Дополнително ќе се обратиме до судот за дозвола. Тој инсистира да присуствува, поради што предлагам одлагање, истакна адвокатот Менкиноски.

 

 

 

(Фото: Дојче Веле – П. Стојановски)