Карл Билд утре доаѓа во Скопје

Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи, Карл Билд, утре доаѓа во Македонија.

Тој посетата на Скопје ја најави вчера на својот Твитер профил.

„На турнеја за кризата во Скопје утре. И потоа во Белград. Секогаш Балканот. Крајот на уставната криза во Скопје не е на повидок. Изгледа дека разликите во ставовите се се подлабоки. Состојбата е загрижувачка“, напиша Билд.

Кога, каде и со кого ќе се состане сегашниот копретседател на тинк-тенк организацијата Европски совет за надворешни односи, засега не се знае.

Неофицијално, во јавноста простуија информации дека Билд сигурно ќе оствари средба со претставници на СДСМ и ДУИ.

Билд, да потсетиме, беше специјален пратеник на Европската унија за поранешна Југославија, висок претставник на Унијата за БиХ, и специјален пратеник на ОН за Балканот.