Не е тајна дека само неколку мали „тајни“ работи со шминка можат да направат чудо и вашите очи да станат поголеми и поизразени.
Ако не верувате, слободно пробајте ги неколкуте предлози на познатите шминкери и ќе се уверите.
Потребни ви се само креон со светло кафена боја, молив за очи и сенка со топли кафени тонови.
*Со креонот во светла кафена боја подвлечете внатрешна линија на долниот капак и ќе видите како окото веднаш ќе изгледа поголемо.
*Со молив во боја исцртајте линија на долниот капак точно со линијата на растот на трепките, а потоа со прстот малку разнесете го нанесеното кон надворешните агли на окото.
*Потоа со тенка кафена сенка поминете околу рабовите на окото. Кафената сенка го отвара погледот и визуелно ги „зголемува“ очите.