Кај Малезија спасени нуркачи по два дена на море

LinkSense.mk

Французинка и Британец кои во средата околу пладне исчезнаа додека нуркаа покрај малезискиот брег денеска се пронајдени безбедни, пловејќи на отворено море, соопшти полицијата.

Четири лица исчезнаа во близина на Токонг Сангол, мал остров во близина на градот Мерсинг на југоистокот од земјата.

Инструкторката на групата Кристине Гродем (35) од Норвешка, беше спасена во четвртокот.

Рибари околу 1 часот по полноќ во водите кај Пенгеранг, значително појужно од местото каде што исчезнале, ги забележале Алексија Молина (18) и Британецот Питер Честерс (46), изјави началникот на полицијата на округот Мерсинг, Сирил Едвард Нуинг.

Двете лица се во стабилна состојба, рече тој и додаде дека поморската полиција ги однела во болница. Спасувачите трагаат по 14-годишниот син на Честерс.

Гродем рече дека групата излегла на површина по околу еден час од нуркањето во средата, но не можеле да го најдат својот брод и биле зафатени од силна морска струја.

Човекот кој управувал со бродот е уапсен по позитивен тест за дрога, соопшти полицијата.