Кај Улцињ, во море, пронајдени 1,3 тони марихуана

LinkSense.mk

Вчера во Јадранско море, околу 11 наутички милји од вливот на реката Бојата, црногорската полиција пронајде околу 1,332 килограми марихуана, спакувани во 62 пакети.

Се претпоставува дека дека глисерот се распипал на отворено море заради што шверцерите морале да ја фрлат дрогата која најверојатно требало да биде пренесена од Албанија во Италија.

Не се исклучува можноста дел од пакетите да „отпловиле“ во албанските води.

Цената на запленетата марихуана во Албанија е 300.000 евра, додека цената на истата на италијанскиот нарко пазар е меѓу 700 и 800 илјади евра, зависно од побарувачката и квалитетот.

Кога полицијата после оперативните сознанија стасала до местото каде што била исфрлена дрогата, ги пронашла само пакетите што пловеле на површината на морето, но не и шверцерите.

За случајот е информирано обвинителството во Подгорица.

Полицијата превзема интензивни мерки и работи со цел да се идентификуваат лицата кои ја превезувале дрогата. За сега нема потврда дека некој е уапсен.

Ова не е прв пат шверцерите на наркотици преку Јадранот, од пловилата да се „ослободат“ од недозволениот товар и да го фрлат во море.

Во мај лани, исто така, беше пронајдена поголема количина на дрога во црногорските води меѓу Улцињ и Бар.