Кер: Се чини дека сезоната е завршена за „воините“

– Според тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, тимот се помири со фактот дека сезоната 2019/20 е завршена за нив.

– Нашата ситуација е поинаква, затоа што сме далеку зад осмото место и без шанси за плејофот. Се чини дека за нашиот тим сезоната е завршен, изјави Кер.

Има шанси лигата да побара од нас да се вратиме и да имаме неколку натпревари, така да остануваме во контакт со нашите кошаркари, но сите веруваат дека сезоната е завршена за нас, додаде тренерот на „воините“.

НБА лигата разгледува различни опции за продолжување на сезоната, вклучително и оној во кој ќе се играат одреден број натпревари од основниот дел на првенството.